Младата шведска активистка Грета Тунберг ги поддржа 12 демонстранти кои се појавија на суд, откако одбија да платат казни за играње тенис минатата година во филијала на банката „Кредит Свис“, која вложува во истражување на фосилни горива.
Активистите за климатски промени се особено лути на тенисерот Роџер Федерер поради спонзорскиот договор со швајцарската банка.
Протестите против „Кредит Свис“ почнаа во ноември 2018 година, откако десетина млади активисти влегоа во филијалата во Лозана, облечени како тенисери, во знак на протест против Федерер.
Швајцарските активисти неодамна се појавија на суд, откако одбија да платат казна од 20.000 евра за предизвикување неред.
Демонстрантите тврдат дека „Кредит Свис“ инвестирал милиони во истражување на фосилни горива, а на нивниот транспарент пред судницата пишуваше: „’Свис Кредит’ ја уништува планетата. Роџер, дали ги поддржуваш?“.
Кампањата е активна на социјалните мрежи со хаштагот #RogerWakeUpNow.