Командант на иранската гарда најави уште пожестока одмазда кон Америка

Kомандантот на иранската револуционерна гарда, Абдула Араги, изјави денеска дека Иран наскоро ќе се одмазди уште повеќе за убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани, кој минатата недела беше убиен од американски дрон.

Како што пренесува агенцијата „Тасним“, командантот ова го кажал по вчерашниот говор на американскиот претседател, во кој Трамп рече дека се чини оти Иран се повлекува од намерата за понатамошни напади, пренесе „Ројтерс“.

Агенцијата „Тасним“, исто така го цитираше заменик командантот на револуционерната гарда, Али Фадави, кој рекол дека вчерашниот ракетен напад врз американските бази во Ирак е само приказ на воената моќ на Иран, по кој американските сили не можеле да направат ништо.

Треба да знаете
Последни објави