Општина Аеродром: Поднесете даночна пријава за имот најдоцна до 31 јануари

Општина Аеродром ги потсетува даночните обврзници дека се должни најдоцна до 31 јануари 2020 година да поднесат даночна пријава за недвижниот имот што го поседуваат, а не е пријавен за оданочување.

Со цел да се олесни постапката, граѓаните можат да го пријават данокот на имот во просториите на Општина Аеродром, односно на шалтер бр. 6, а за подетални информации да се јават на телефонскиот број 2401- 553.

Работното време на Општината е секој ден од 8:30 до 15:30 часот освен сабота и недела, а прием на странки за данок на имот се врши секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот.

Треба да знаете
Последни објави