Министерството за надворешни работи на Австрија издаде соопштение со кое ги предупредува своите граѓани за опасностите од патување во Иран, јави дописникот на МИА од Виена.
Министерството предупредува дека во целата држава и посебно во Техеран, поради последните случување на релација САД-Иран, може да дојде до политички мотивирани собири на кои може да има голем број вооружени лица.
Според податоците на австриското МНР, во овој момент во Иран се наоѓаат околку 300 нивни државјани, од кој мал дел се и туристи. Вакво слично предупредување министерството веќе објави и за Ирак, каде што има 200 австриски државјани.