Бејл не го напушта Реал

Герет Бејл не е заинтересирана за американската МЛС и многу малку е веројатно дека тој ќе го напушти Реал Мадрид.

Неговиот агент Џонатан Барнет негира заминување на Велшанецот во МЛС лигата.

– Герет не е заинтересиран за трансфер на американскиот континент. Тој нема да го напушти Реал Мадрид во зимскиот преоден рок и многу е веројатно дека тоа нема да се случи ниту во текот на летото, соопшти Барнет.

За фудбалската иднината на Бејл се шепкулира подолго време, но и покрај сите гласини за негово заминување, тој и натаму е дел од Реал.

Треба да знаете
Последни објави