Бугарскиот претседател Радев го свика Советодавниот совет за национална безбедност поради конфликтот меѓу Иран и САД

Претседателот на Бугарија, Румен Радев за денеска свика состанок на Советодавниот совет за национална безбедност поради конфликтот меѓу Иран и САД.

Тема на средбата е „Можни ризици и закани по националната безбедност во контекст на сложената безбедносна ситуација на Блискиот исток”.

Претставниците на извршната, законодавната и спец-службите се очекува да излезат со заеднички став на Бугарија. Премиерот Бојко Борисов вчера рече дека само мирот може да ги реши проблемите на Блискиот исток.

Треба да знаете
Последни објави