Васоски го прозиваше Вардар

најтрофејниот македонски фудбалски колектив и лидер по есенскиот дел од прволигашкиот шампионат Вардар денеска во тренинг центарот во Хиподром ги почна подготвките за продолженеито од сезоната. Тренерот Александар васоски на прозивката ги имаше сите расположиви сили, со исклучок на Бразилецот  Жуниор Реис Родригез кој се очкува во текот на утрешниот ден да пристигне во Скопје.

-Мора да искажам задоволство што ќе бидеме со истиот состав како од есенскиот дел. Факт е дека ќе биде многу потешко да ги одбраниме осумте бода предност затоа што сега противниците нема да влегуваат со еден вид потценување кон нас поради подмладениот состав. Но, јас силно верувам во овие момци, па нашата цел останува освојување на шампионската титула – порача Васоски на првиот собир.

Вардар во Скопје ќе остане до 15 јануари, а потоа се сели во Анталија каде ќе тренираат и играат контролни средби до 4 февруари. Во Анталија, „црвено-црните“ ќе ги одиграат и шестте контролни мечеви со Динамо Киев, Црвена звезда, Хајдук, Борац Бања Лука, Бачка Топола и Мура.

 

Треба да знаете
Последни објави