Туристка во Шпанија снимила дете како оди по работ на зграда, каде се качило преку терасата на четвртиот кат. Видеото е објавено на Фејсбук страницата „Го сакам Тенерифе!“, на кое пишуа дека таткото на туристката потрчал кон зградата за да извести некого што се случува.
Според информациите, детето се качило преку терасата додека неговите родители „се туширале“, се наведува во објавата на Фејсбук, пренесува „Скај њуз“.
На видео снимката се гледа како детето оди кон терасата на четвртиот кат, по што се враќа назад по истиот пат.
Инцидентот се случил во градот Плаја Параисо, кој се наоѓа на југозападниот брег на најголемиот остров на Канарскиот архипелаг.