Предлогот за измени на Кривичниот законик во делот на заострување на легислативата за застарување на кривилчни дела за избрани и именувани лица, првично е прифатлив за пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, но тие ќе предложат во законскиот текст да се вметнат и одредби и за нивниот предлог аболицирани лица да не можат да бидат избрани на раководни функции и да нема аменстија за високи функционери.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денеска изјави дека не го виделе текстот за измени на Кривичниот законик предложен од нивниот колега Александар Кирацовски во делот на заострување на времетраењето за застарување на кривичните дела особено за избрани и именувани лица, но оти првично за нив е прифатливо ова законско решение.
– Во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ прв столб е владеење на правото и нулта корупција. Ова законско репение ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе го разгледа, но и ќе проба да го подобри, да се внесат одредени работи – да се испитува потекло на имот, да не застаруваат дела на функционери и високи политичари и да не можат аболицирани лица да бидат избрани на високи и раководни позиции, да нема амнестија за високи функционери. Тоа се некои од основните постулати коишто ВМРО-ДПМНЕ ги ветуваше, рече Мицевски.