Курц ја осуди кампањата на омраза против министерката Задиќ

– Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска остро ја осуди кампањата на омраза против новата министерка за правда Алма Задиќ.

– Омразата преку социјалните мрежи е одвратен феномен на нашето време. Такво нешто не смее да се случува кај нас, порача Курц преку Твитер.

Тој најави дека Австрија доследно ќе дејствува против омразата преку социјалните мрежи, без оглед дали таа доаѓа од страна на левичарите, исламистите или десничарите.

Курц рече дека Задиќ и сите други кои се погодени со кампањата со омраза ја имаат неговата поддршка.

Министерката Задиќ, која е со босанско потекло, поради заканите и пораките со омраза преку социјалните мрежи, има полициска заштита и 24 часа ја чуваат тројца припадници на специјалната полициска единица „Кобра”.

Треба да знаете
Последни објави