Ова може да биде време Леонардо Ди Каприо да се искупи во очите на фановите на „Титаник“, пишуваат светските таблоиди.
Од излегувањето на филмот во 1997 година, 45-годишниот актер е предмет на бројни дискусии во врска со одлуката на Џек (ликот во „Титаник“) да се удави наместо да ја дели лебдечката дрвена табла со љубовта на неговиот живот Роуз (која ја играше Кејт Винслет).
Меѓутоа, неговиот најнов херојски чин можеби ќе биде доволен за конечно да престанат таквите коментари.
Британскиот таблоид The Sun објави дека Леонардо спасил 24-годишен Французин кој паднал во море наводно пијан.
На 30 декември, наградуваниот актер летувал на јахта на Карибите со својата девојка Камила Мороне (22) и неговите пријатели кога слушнал мејдеј-повик што сигнализира опасност по живот или вонредна состојба. Во тој момент Леонардо решил да се приклучи на напорите за итно пребарување. Тој ја свртел својата јахта за да пребарува во немирните води и успеал да го најде и спаси младиот Французин пред самрак.
Екипажот на јахтата го забележале човекот како мафта со рацете и успеале да го извлечат од вода пред да се стемни и во услови на голема дождовна бура.
Човекот, идентификуван како Виктор, паднал од чемец на Карибите и преживеал во вода 11 часа. Тој бил сериозно дехидриран. Луѓето од бродот му дале храна, пијалок и облека пред да им биде предаден на крајбрежните стражари.
Според The Sun, шансите Виктор да преживее во море биле „една во милијарда“, а бродот на Леонардо бил единствениот кој одговорил на повикот за спасување. Човекот наводно бил неколку минути од давење кога бил спасен.
Можеби после ова, најдобриот пријател на Леонардо, Бред Пит, конечно ќе престане да коментира во врска со „Титаник“?