„Малиот Пикасо“ го тресе германскиот уметнички свет

Микаил Акар не трепери додека камерите летаат околу него. Роден во 2012 година, германскиот уметнички гениј половина од животот го помина во центарот на вниманието.

Со својот пругаст џемпер, недефинирана насмевка и сонот да стане професионален фудбалер, Акар изгледа како и секое друго седумгодишно момче.

Сепак, малиот Микаил, роден во Келн, е експресионистичко дете-чудо кое со бура ја зазеде меѓународната уметничка сцена.

Германските медиуми го нарекуваат „претшколски Пикасо“, а неговите слики сега се продаваат за илјадници евра (долари) на купувачи од целиот свет.

„Со само седум години, тој е веќе етаблиран во светот на уметноста. За него има интерес во Германија, Франција и САД “, изјави за АФП неговиот татко и менаџер, Керем Акар.

Акар постариот случајно го открил големиот талент на својот син пред неколку години, кога на неговиот четврти роденден му подарил платно и бои.

„Веќе купивме доволно автомобили играчки и акциони фигури. Првата слика изгледаше фантастично, и најпрво помислив дека ја мојата сопруга ја нацртала. На почетокот мислев дека можеби е само случајност, но со втората и третата слика беше очигледно дека има талент,“ вели таткото на малиот уметник.

Талентот на Акар е видлив во неговата последна колекција, соработка со Германија и фудбалската ѕвезда на Баерн Минхен, Мануел Ноер.

Едно дело од колекцијата неодамна беше продадено за 11.000 евра (16.500 американски долари), при што приходите одат во добротворни цели за деца односно во детската добротворна организација на Ноер.

Експлозија на бои што потсетува на Jексон Полок, делото е типично за апстрактниот експресионистички стил на Акар.

Седумгодишникот изјави за АФП дека негови идоли се Полок, Мајкл Џексон и Жан-Мишел Басквиат.

Тој има развиено и свои техники, како на пример нанесување боја со удирање на платното со боксерските ракавици на неговиот татко.

Треба да знаете
Последни објави