Ндуе Мујеци новото засилување во нападот за македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев. Мујеци (26 год.) е роден во Скадар (Албанија), а во кариерата има настапувано за Влазнија, Ада, Пирин Благоевград, Дунав Русе, Сабуртало, Вентспилс. Покрај искусниот албнаски интеранционалец во редовите на струмичкиот прволигаш зимово пристигна и Бугаринот Анген Гранчов кој треба да ја засили конкуренцијата во одбранта на екипата.
Академија Пандев која есенскиот дел од сезоната на мак-сцената го заврши на третото место зад Вардар и Шкендија ги почна подготовките за пролетниот дел од првенството. Првиот дел од припремите ќе го одработи во Струмица, а на 24 јануари ќе замине за Анталија (Турција) каде ќе остане до 7 февруари и ќе одигра шест контролни натпревари.
Клубот год Струмица го напуштија: Марко Рајковиќ, Марио Маслаќ и Давид Денковски.