Унгарската Влада донесе одлука да го зголеми бројот на полицајци и војници на границата со Србија поради зајакнат притисок од страна на мигрантите, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Тој на прес-конференција истакна дека секојдневно се регистрираат повеќе од 100 обиди за илегално преминување на границата.
Орбан додаде дека преостанатите три членки на Вишеградската група – Чешка, Полска и Словачка, се подготвени да дадат свој придонес во напорите за заштита на унгарската граница доколку бидат информирани.
Унгарскиот премиер додаде дека неговата земја ќе испрати една полициска единица во Северна Македонија за истата цел.