Пенс: Американците се побезбедни откако е убиен Сулејмани

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, вели дека верува оти Американците се побезбедни денес откако претседателот Доналд Трамп нареди напад во кој загина Касiм Сулејмани.

Тој во интервју за Си-Би-Ес рече дека граѓаните можат да бидат мирни благодарение на раководството на претседателот Доналд Трамп, како и големиот професионализам што го покажа американската војска во последните неколку недели.

– И покрај иранскиот напад врз нашите бази, поради подготвеноста на нашата војска, нема жртви, ниту меѓу Американците, ниту Ирачаните. Ние се занимаваме со земја која повеќе од 20 години е водечки државен спонзор на тероризмот. Ние ќе продолжиме да бидеме подготвени и ќе продолжиме да се спротивставуваме на Иран начин кој го направи Трамп, рече Пенс.

Тој додаде дека САД не бараат промена на режимот во Иран, туку промена во однесувањето на сегашниот режим.

Треба да знаете
Последни објави