По заканите од Хамнеи, генерал Барберо и порача на Албанија дека треба да биде внимателна

Амерканскиот генерал Михаел Барберо, кој престојува во Тирана, одговарајќи на новинарско прашање дали во иднина Албанија може да биде мета на Иран, одговори дека „Албанија треба да биде будна (внимателна)”.

Тој додаде дека будноста треба да биде во напорите против тероризмот и против кибер нападите.

– За жал, секој американски пријател или наш сојузник може да биде цел. Будноста е особено важна за ова, пред се во областа на кибернетиката, бидејќи Иран има многу софистицирани можности за кибер напади. Поради оваа причина, Албанија мора да биде многу внимателна во напорите за борба против тероризмот и кибер нападите, одговори генерал Барберо.

Исто така, тој оцени дека „нема опасност од глобален конфликт”, додавајќи дека НАТО ќе одговори на каков било напад што може да се изврши врз која било земја-членка.

– Не верувам дека постои глобален конфликт на хоризонтот. НАТО мора да ја интензивира поддршката за операциите во Ирак. НАТО е сојуз што продолжува да биде важен и делува соодветно. Мислам дека НАТО ќе одговори на каков било вид напад врз која било од нејзините земји-членки, нагласи американскиот генерал.

Посочил дека е момент сојузничките партнери да останат силни и не треба да продолжат да се извинуваат за убиството на Сулејмани, и оти сега е „момент да се каже дали се против тероризмот или не”.

Иранскиот духовен водач, ајатолахот Али Хаменеи вчера ја прогласи Албанија за непријател и ја нарече „мала ѓаволска земја”, која засолнила нивни непријатели, мислејќи на над три илјади муџахедини односно припадници на иранската опозиција (МЕК).

На тоа албанскиот премиер Еди Рама рече дека не е изненаден од изјавата и им порача на своите граѓаните воопшто да не се вознемируваат по изјавата на Хамнеи.

– Им порачувам на сите Албанци дека не треба да постои ниту најмала вознемиреност. И САД се многу посветени на безбедноста на нашата земја, изјави Рама, додавајќи дека во сојуз со САД неговата земја не придонесува со ракети и бомби, туку преку хуманитарна операција за сместување на муџахедините.

Треба да знаете
Последни објави