Путин ги следeше вежбите на Црноморската и Северната флота

Рускиот претседател Владимир Путин од крстосувачот „Маршал Устинов“ ги надгледуваше заедничките вежби на Црноморската и Северната флота во Црното Море.

За време на вежбите, два ловца Миг-31К извршиле целно гаѓање со хиперсоничните балистички ракети „Кинжал“.

Екипите на фрегатата „Адмирал Григорович“, малиот ракетен брод Орехово-Зуево и подморницата „Колпино“ го извеле лансирањето на крстосувачката ракета „Калибaр“, пренесува ТАСС.

На вежбите учествувале повеќе од 30 бродови, една подморница и над 40 авиони на руските воздухопловни сили.

Треба да знаете
Последни објави