Раванчи: Ја завршивме одмаздата за Сулејмани, Иран не сака војна

Постојаниот претставник на Иран во ОН, Маџид Тахт Раванчи изјави дека неговата земја ја завршила одмаздата за Сулејмани и нема да презема понатамошни воени активности.

„Сите наши активности беа пропорционални со убиството на Касим Сулејмани. Тие завршија. Ако САД повеќе не преземаат воени активности против Иран, тогаш ние нема да преземаме вакви активности“, вели тој.

Раванчи во писмото упатено до генералниот секретар на ОН и Советот за безбедност, вели дека неговата земја целосно ја почитува независноста, суверенитетот, единството и територијалниот интегритет на Република Ирак.

„Иран е посветен на одржување на мирот и меѓународната безбедност и не бара ескалација или војна“, додава Раванчи.

Треба да знаете
Последни објави