Екипата на Реал Мадрид ќе игра во финалето на фудбалскиот Супер куп на Шпанија. „Кралевите” синоќа во првото полуфинале ја совладаа Валенсија со 3:1.
Стрелци за Реал беа Тони Крос, Иско и Лука Модриќ. За Валенсија погоди Даниел Парехо во судиското надополнување.
Во второто полуфинале вечер од 20 часот играат Атлетико Мадрид и Барселона.
Шпанскиот Супер куп се игра во Џеда, Саудиска Арабија.