За САД, убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани е чин на самоодбрана, и ако треба земјата ќе презеде дополнителни мерки за заштита на американскиот персонал и интереси, се вели во писмото што амбасадорката на САД во ОН, Кели Крафт, го испратено синоќа до Советот за безбедност.
Во писмото се укажува дека САД, исто така, се „спремни за сериозни преговори со Иран без никакви првични услови, за избегнување на натамошни закани по светскиот мир и безбедноста или ескалација од страна на иранскиот режим”.
Убиството на Сулјемани, што се случи во петокот во Багдад, се оправдува врз основа на член 51 од Уставот на ОН, се вели во писмото на Крафт.
-Ако треба, САД се подготвени да преземат дополнителни мерки за заштита на американскиот персонал и интереси, пишува дипломатот.
Членот 51 од Уставот на ОН бара земјите членки на ОН „веднаш да го известат” Советот за безбедност за секакви мерки преземени за реализација на правото на самоодбрана. Оваа мерка САД ја искористија за да се оправдаат акциите преземни против милитантите на „Исламска држава” во Сирија во 2014 година.
Истовремено, Иран ги инфорираше ОН дека како одговор на воздушниот удар на САД, Техеран презел „одмерени и сразмерни” мерки од воен карактер. Притоа Иранците изјавија дека „не се стремат кон ескалација или војна”.
Сепак, амбасадорот на Иран во ОН, Маџид Тахт-Раванчи, предупреди дека Техеран ќе реагира „одлучно” на „секакви нови воени авантури против земјата”, и „на секаква агресија”.
Во писмото испратено синоќа до СБ на ОН и до генералниот секретар Антониу Гутереш, Раванчи изјави дека во раните утрински часови на 8 јануари Иран „нанел удар по американска воздухопловна база во Ирак, од каде била реализиран кукавичкиот напад против маченикот (Касем) Сулејмани”.
Според него, Иран го искористил правото на самоодбрана според членот 51 од Уставот на ОН.
-Операцијата беше изведене со прецизни удари и насочена против воени цели. Не се предизвика пропратна штета за граѓанските ресурси во тој реон, се вели во писмото на иранскиот дипломат.