Медицинска сестра на возраст од 44 години, по потекло од Србија, заврши на суд во Австрија поради тешка измама.
Според обвинението, таа стекнала доверба кај постар вдовец со деменција, на возраст од 81 година, кој се обидувала да го измами за девет полиси за животно осигурување, чија исплата би достигнала вредност од 630.000 евра, како и за хартии од вредност во износ од 63.000 евра.
За да дојде до богатство, жената идентификувана како Јасмина Ј. земала полномошно од човекот кому му се обраќала како чичко Јозеф.
„Бевме како семејство. Тој сакаше да се грижам за неговите финансии“, се бранела таа пред судот, пишуваат австриските портали, а пренесува српски „Телеграф“.
Се додава дека во нејзината акција таа успеала да извлече само 65.000 евра.
Обвинителот побара уште еден извештај со цел да се испита психичката состојба на вдовецот за време на злосторството.