Првична проценка на западните разузнавачки агенции е дека украинскиот авион што се урна во Иран не бил погоден од ракета, јавија светските агенции повикувајќи се на канадски безбедносен извор кој побарал да остане анонимен.
Истиот извор додал дека според странски разузнавачки агенции, авионот „Боинг 737″ имал технички проблем.
Украинскиот авион се урна веднаш по полетувањето кон Киев од аеродромот во Техеран. Во авионот имало 167 патници и девет членови на екипажот. Во несреќата загинаа 82 Иранци и 63 Канаѓани, како и граѓани на Украина, Шведска, Авганистан, Германија и Велика Британија.
Авионот се урна неколку часа откако Иран изврши ракетен напад врз две бази во Ирак во кои се распоредени американски војници.