Тодоров направи поширок список со 24 кошаркари за првите квалифиакциски мечеви

Новиот македонски кошаркарски селектор Александар Тодоров во својот прв избор денеска објави поширок список со 24 играчи, кои ќе конкурираат за место во државниот тим за настапите на претстојните квалифиакциски натпревари за Европското првенство од групата Б со Естонија и со Русија кои треба да се одиграат следниот месец. Покрај овие две селекции ривал на Македонија во групата ќе биде и селекцијата на Италија, која е еден од ко-домаќините на шампионатот и има обезбедено учество на завршницата.

На списокот од селекторот Тодоров се најдоа: Ненад Димитријевиќ (Хувентуд), Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром), Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром), Марјан Младеновиќ (Работнички), Бобан Стајиќ (Кожув), Лука Савиќевиќ (СБА), Војдан Стојановски (Ортез), Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром), Марко Симоновски, Адем Мекиќ (Пелистер), Андреј Јакимовски (Торино), Марко Миловановиќ (Кремона), Андреј Митревски (Феникс 2010), Стојан Ѓуроски (АЛМ), Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром), Филип Бакоч (Еуро Никел 2005), Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром), Јетмир Зеќири (Пелистер), Шејн Витингтон (Бетис), Кирил Николовски (Работнички), Љубомир Младеновски (Работнички), Бојан Трајковски (Кожув), Виктор Ефремовски (Работнички), Теодор Симиќ (Барселона).

Треба да знаете
Последни објави