– Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека уривањето на украинскиот авион можеби се случило по грешка, но додаде дека имал ужасно чувство во врска со тоа, без да наведе детали.
– Некој можеби направил грешка, изјави Трамп во Белата куќа.
Претходно, американскиот неделник „Њузвик” објави дека украинскиот авион, кој се урна во близина на Техеран, го погодила ракета од руско производство „Тор-М1″. Весникот се повикува на неименувани официјални лица од Пентагон, како и на американската и ирачката разузнувачка служба.
Според нив, се проценува дека авионот бил случајно погоден.
Авионот се урна неколку часа по иранскиот ракетен напад на две бази во Ирак што ги користат американски војници.