Трудо бара одговори за авионската несреќа во Иран

Канадскиот премиер Џастин Трудо истакна дека неговата Влада ќе добие одговори за авионската несреќа во Иран со падот на украинскиот авион во кој загинаа 63 Канаѓани.

– Канада е многу загрижена, рече Трудо, истакнувајќи дека 138 патници во авионот биле поврзани со Канада.

Во авионот имало повеќе меѓународни студенти, кои студирале на универзитети ширум Канада, едни младенци и четиричлено канадско семејство.

Трудо рече дека неговата влада им се обратила на меѓународните партнери и оти разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп во средата.

На прашањето дали може да каже дали авионот бил соборен или не, Трудо рече: „Не можам. Премногу е рано за шпекулации”.

Тој истакна дека семејствата на жртвите од Канада сакаат и заслужуваат одговори.

Треба да знаете
Последни објави