Украинците сакаат да истражат дали руска ракета го погодила паднатиот авион

Стручњаци од Украина сакаат да испитаат дали на местото каде се урна авионот на украинска авиокомпанија во Иран има остатоци од руска ракета, објави денеска секретарот на советот за национална безбедност, додека во земјата е ден на жалост по повод смртта на сите 176 патници и членови на екипажот од авионот.

Киев испитува неколку можни сценарија за несреќата, вклучувајќи ракетен напад, судир, експлозија на моторот и тероризам, напиша на „Фејсбук“ секретарот на украинскиот совет за национална безбедност, Олексиј Данилов.

Боингот 737 на компанијата УИА се урна во средата наутро по полетувањето од аеродромот во Техеран. Загинаа сите 176 патници и членови на екипажот. Компанијата објави дека авионот успешно го минал последниот технички преглед два дена пред несреќата, која се случи утрото по иранските ракетни напади врз американските бази во Ирак.

Првичните проценки на западните разузнавачки служби се дека авионот не бил соборен од ракета, изјави во средата извор од канадските служби. Меѓу загинатите има 63 Канаѓани, 82 Иранци, единаесет Украинци, претежно членови на екипажот, десетмина Швеѓани, четворица Авганистанци, тројца Германци и тројца Британци.

Иранските истражители известија дека авионот стар три години се запалил во лет, непосредно пред несреќата, а канадски извор за безбедност соопшти дека има докази отие еден од моторите се прегреал, пренесе „Ројтерс“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го прогласи четврток ден на национална жалост и вети дека замјата ќе ја утврди вистината за трагедијата.

Треба да знаете
Последни објави