Една од најбараните претстави во НУ Театар „Комедија“ – Скопје и претстава што ги соборува рекордите во гледаност на ниво на целата држава е претставата „Вардарски пастуви“ во режија на Синиша Евтимов. Оваа претстава и годинава ќе гостува во градовите во нашата земја, а само уште неколку изведби ја делат од јубилејната 100-та изведба.
Според Годишната програма за 2020 година, одобрена од Министерството за култура, претставата „Вардарски пастуви“ во ноември годинава ќе гостува и во Австралија.
Ова гостување на Театар „Комедија“ е поддржано од страна на Министерството за култура, а значајна поддршка за гостувањето на оваа театарска куќа даде и министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми.