Чурлинов и официјално во Штутгарт

Македонскиот младински репрезентативец Дарко Чурлинов денеска и официјално потпиша договор со Штутгарт.

Тој во второлигашот доаѓа од екипата на Келн.

Чурлинов стави потпис на договор до 30 јуни 2014 година и сезонава ќе го носи дресот со број 19.

Македонскиот фудбалер изјави дека е пресреќен што потпишал за Штутгарт и е „100 отсто мотивиран” да покаже што знае за популарните „швабите”.

„Многу сум среќен што сум тука. Јас сум 100% мотивиран да го дадам максимумот за Шттугарт. Се надевам дека можам да помогнам во борбата за пласман во елитата, посочи Чурлинов.

Треба да знаете
Последни објави