– Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска ги посети и се дружеше со децата од семејства во социјален ризик кои се на организирано зимување во скијачкиот центар Попова Шапка.
Зимувањето традиционално го организира Министерството за труд и социјална политика и годинава во четири смени ќе бидат опфатени околу 500 деца.
-Грижата за секое дете е приоритет на Владата на Република Северна Македонија и силно продолжуваме да ги спроведуваме сите процеси коишто ја поддржуваат и унапредуваат грижата за секое дете во општеството. Социјалната реформа даде одлични резултати. Досега детски додаток користат 27.000 деца, чии семејства се во социјален ризик или се на минимална плата, рече Шкријељ.
Освен зимување, МТСП традиционално секоја година организира и летување за децата во социјален ризик.