Македонскиот фудбалски репрезентативец и капитен на повеќекратниот хрватски првак Динамо Загреб, Аријан Адеми (28 год.) е една од опција зимово да се пресели во редовите на шпанскиот прволигаш Бетис. За шпанскиот прволигаш приоритет е Гуидо Родригез од мексиканскиот клуб Америка. Ако не им успее обидот да го доведат во своите редови 25-годишниот Аргентинец, тогаш Бетис според „ЕлДесмарк“ тргнува во акција да го ангажира Адеми.
Според „ЕлДесмарк“, мексиканскиот тим Америка сака да го продолжи договорот со Родригез, и да одреди повисока откупна клаузула во истиот. Понудата на Бетис е интересна за фудбалерот кој одбива да ја продолжи соработката со мексиканскиот клуб. Шпанскиот прволигаш е подготвен да плати 10 милиони евра, онолку колку што сега изнесува неговата откупна клаузула.