Актерот Џереми Ајронс ќе претседава со жирито на Берлинале

Британскиот актер Џереми Ајронс ќе претседава со жирито на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин следниот месец, соопштија денеска организаторите.

Ајронс ќе претседава со жирито на 70-то издание на фестивалот, познат како Берлинале, што ќе се одржи од 20 февруари до 1 март, но сè уште не е објавено кои се останатите членови на жирито.

Во соопштението на организаторите се вели дека Ајронс рекол дека е голема чест и задоволство да се претседава со жирито на Берлинскиот филмски фестивал.

Треба да знаете
Последни објави