Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати реагира на нефункционирањето на Комисијата за култура и одбивањето на владејачкото мнозинство да ја продолжи надзорната расправа за начинот на носење на Годишната програма на Министерството за култура, соопшти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
„Претседателката на Комисијата за култура, Ирена Стефоска, не само што не закажува продолжение на надзорната расправа туку одбива да одговори и на официјалните барања испратени до неа. Нефункционирањето на оваа Комисија се гледа и од фактот што Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам не се разгледува на Комисијата за култура, туку на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Уште еднаш како пратеничка група јавно ја повикуваме г-ѓата Стефоска да престане да ја кочи работата на оваа Комисија и да најде сила да се ослободи од партиската прегратка на СДСМ затоа што би требало да биде независен пратеник, како што се декларира.