Со натпреварите Белорусија – Србија и Германија – Холандија вечерва (18,15 часот) ќе почне 14 Европското ракометно првенство за мажи кое за првпат ќе се одржи во три земји на „стариот континент“, во Австрија, Шведска и Норвешка.
На овој собир чија завршница за првапат ќе се игра со 24 репрезентација во периодот од 9 до 26 јануари свое шесто учество ќе има и македонската ракометна репрезентација која ќе настапува во групата Б која во Виена заедно со домашната селекција на Австрија, Украина и Чешка.
Премиерниот настап на завршницата македонскара репрезентација ќе го има утревечер против соодветната селекција на Украина, на 12 јануари се среќаваат со Чешка, а два дена подоцна со домаќинот Австрија.
Учесниците на завршницата се поделени во шест групи со по четири селекции. Пласман во втората фаза ќе обезбедат по две првопласирани од секоја група.
А-група: Хрватска, Белорусија, Црна Гора, Србија.
Б-група: Австрија, Македонија, Чешка, Украина.
Ц-група: Шпанија, Германија, Летонија, Холандија.
Д-група: Франција, Норвешка, Португалија и Босна и Херцеговина.
Е-група: Данска, Унгарија, Исланд, Русија.
Група Ф: Шведска, Словенија, Швајцарија, Полска.
Во Шведски натпреварите ќе се играат во:
Малме со „Малме арена” , капацитет 13.000 гледачи, натпреварите од Е-групата.
Гетеборг во салата „Скандинавиум” со капацитет 12.000 гледачи, натпреварите од Ф-групата.
Стокхолм со „Теле 2 арената” со капацитет 22.000 гледачи, натпреварите од финалниот викенд.
Во Австрија градови домаќини се:
Виена со „Винер стадхале” со капацитет 10.000 гледачи, натпреварите од Б-групата.
Грац со „Стадхале Грац” со капацитет 6.000 гледачи, натпреварите од А-групата.
Во Норвешка град домаќин е:
Трондхајм со салата „Њу нидарохелен” – капацитет 8.000 гледачи, натпреварите од Ц и Д групите.