Еден и пол милион луѓе без струја во Порторико

Околу еден и пол милион луѓе, повеќе од половина од населението во Порторико, немаат струја по земјотресот што ги погоди Карибите, а неколку илјади граѓани ја минале ноќта на отворено бидејќи се урнати нивните домови или се изложени на ризик да бидат урнати.

Земјотресот со јачина од 6,4 степени беше најсилниот што го погоди Порторико во последните 100 години. Едно лице загина.

Снабдувањето со електрична енергија низ целиот остров не се очекува да биде воспоставено до викендот, бидејќи во земјотресот се оштетени електраната „Коста Сур“ и друга енергетска инфраструктура.

За обнова на електраната што снабдува електрична енергија во Порторико ќе трае најмалку една година, изјави Хозе Ортик, директор на Агенцијата за снабдување со електрична енергија, за весникот „Ел Нуево Дија“.

Околу 24 отсто од населението нема ниту вода, а повеќе од 2.200 лица се сместени во прифатни центри.

Треба да знаете
Последни објави