На 08.01.2020 во 17.40 часот во Полициската станица Берово, Б.З. и В.К., двајцата вработени во угостителски објект во Берово, С.О., вработена во казино во Берово, Н.Р. и нејзиниот син В.М., сопственици на колонијална продавница во Берово, сите од Берово, при примопредавање на дневен промет забележале сомнителни банкноти во апоени од 2.000 денари.
Од лицата, со потврда за привремено одземени предмети, биле одземени шест банкноти за кои постои сомнение дека се фалсификувани.
За настанот биле запознаени Основните јавни обвинителства во Берово и Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.