Намалено нивото на реките, езерата во рамки на јануарскиот просек

Намалено ниво на реките во државава во однос на просекот за јануари, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР,  тројно пониско е нивото на реката Струмица кај Ново Село, а намалени водостои имаат и Треска кај Македонски Брод, Лепенец кај Скопје, Црна Река кај Новаци, Крива Река кај Крива Паланка и Сатеска кај Ботун.

Единствено повисоко ниво на водата е измерено на реката Вардар кај Јегуновце, кај Скопје, кај Велес и кај Демир Капија.

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро се речиси идентични со просекот за јануари.

Треба да знаете
Последни објави