Најстариот дел од оваа градба датира од 1693 година по што била претворена во судница, полициска станица и во затвор, а денес луѓето плаќаат само за да ја поминат ноќта во зградата.
https://www.instagram.com/p/B5jEJqJHKhZ/?utm_source=ig_web_copy_link
Бидејќи објектот веќе бил поделен, некој се сетил затворските ќелии да ги претвори во простории за спиење и од тоа направил хостел. Хостелот „Суд“ се наоѓа во Единбург, Шкотска, и е отворен во август 2019 година, а оттогаш е исполнет со луѓе што уживаат да преноќат во поранешен затвор.
https://www.instagram.com/p/B3DfVhFhDLx/?utm_source=ig_web_copy_link
Собите, како во секој хостел, а и затвор, имаат повеќе кревети во една просторија, а за сместување посетителите издвојуваат 10-ина евра, но оние што сакаат може да ја поминат ноќта и во самица, но за тоа се плаќа 50 евра.
https://www.instagram.com/p/B5D2_xHnrB9/?utm_source=ig_web_copy_link
Покрај тоа што хостелот е навистина необичен поради првичната намена на просторот, тој се наоѓа во срцето на градот поради што бргу станал омилена локација за резервации од туристите, пишува „Инсајдер“.