Ситуацијата на Блискиот Исток драстично се заостри откако американската Амбасада во Багдад едвај се спаси од упад на незадоволните демонстранти. САД сметаат дека тие биле поттикнати од иранските елементи во земјата. Во одговор на тоа подоцна, откако добиле информации дека генералот подготвува голем напад врз САД, го убија Сулејмани во ракетен напад во близина на аеродромот во Багдад, заедно со еден од командантите на шиитска милиција во Ирак, блиска до Иран. Техеран вети дека ќе се одмазди за смртта на генералот и подоцна истрела 16 ракети врз две американски бази во Ирак. Тие, меѓутоа, не предизвикаа сериозни штети или жртви, по што американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тоа може да се толкува дека Иран ќе отстапат од натамошна конфронтација.