Адвокатот Јовица Страшевски денеска реагира на соопштението на Основен кривичен суд Скопје, а во врска со наводниот притисок кој тој го врши врз судиите во врска со лучајот ТНТ, каде е бранител на обвинетиот Тони Трајковски, поранешен градоначелник на Газ Баба.
Отвореното писмо до јавноста го пренесуваме интегрално.
По последните соопштенија на Основниот кривичен суд а заради целосно запознавање на целокупната македонска јавност со вистината го пишувам ова соопштение до сите медиуми со молба и барање во целост да биде објавено.
Последните соопштенија од Основниот кривичен суд се со една единствена цел искривување на вистината,лажно прикажување фактите и работите се со една цел да се замајуваат очите на јавноста за пропустите кои се прават од страна на судот, како и да се префрлат обвинувањата на одбраната односно со директен атак врз мене, со соопштенија се обидуваат да се закануваат со повици и пријави до МВР,Адвокатска Комора, Обвинителство,а се со цел да се обидат да извршат приотисок да се откажам од доследно применување на правото и законите во Македонија.
Писмата кои ги испратив до Претседателот на судскиот совет, до поранешната судија поротник Лидија Ивановска Кочковска , до Претседателот на Основниот кривичен суд се само мои укажувања на одредби од закони (ЗКП, Закон за судски совет , Закон за судовите) и законски прописи кои се важечки во Македонија, во истите да напоменам дека не давам толкување туку само ги цитирам одредени членови на закони и поставувам прашања по истите.Напоменувам никаде во моите отворени писма кои ги испратив деновиве до јавноста нема никакви уцени закани притисоци, има само ќе повторам цитирање на одредени членови од закони и поставени прашања по истите.
Јавно повикувам да ако некој има закани јавувања или притисоци од мене да тоа го пријави до надлежните органи.
Моите укажувања се да не се направат прекршувања на споменатите членови кои се цитирани за што би се направиле одредени пропусти во постапката и прекршувања на законите и тоа е ЕДИНСТВЕНАТА ЦЕЛ.
Најодговорно тврдам под целосна матерјална и кривична одговорност дека со сите погоре наведени лица, сум немал, немам ,нити некогаш сум остварил било каков контакт со истите освен отворените писма кои ги имате сите медиуми каде ќе повтотам има само цитирање на одредени закони и члениови од истите и поставени прашања по истите.
Ова соопштение го објавувам не под страв на заканите,притисоците и заплашувањата кои ги прави Основниот кривичен суд преку своите соопштенија со повикување на МВР,Адвокатска комора ,Обвинителство, туку да јавноста се запознае со вистината.
По однос на објавениот мој допис доставен до Основниот кривичен суд дека сум на годишен одмор од 08.01.2020 до 17.01.2020 сакам да потенцирам дека на последното рочиште на 24.12.2019 во присуство на јавноста судијата г-дин Огнен Ставрев судењето го закажа официјално на 17.01.2020 година , на што јас замолив заради верските празници Водици и школскиот распуст да истиот термин биде одложен за ден два што не беше прифатено. Во моментов користам годишен одмор со сопругата и моите 4-ри деца, ек е на школски распуст и верски празници и тоа е моја приватна лична работа неповрзана со судските постапки.Тоа што Основниот кривичен суд ги менува датумите на судењата презакажува рочишта,одредува почеток и крај на судење што е правен преседан во светското правосудство, најмалку е мија вина.НАЈОДГОВОРНО ТВРДАМ ДЕКА ДО ДЕН ДЕНЕС 09.01.2020 ГОДИНА ЈАС КАКО АДВОКАТ ВО СЛУЧАЈОТ ТНТ НЕМАМ ДОБИЕНО ОФИЦИЈАЛНА ПОКАНА СПОРЕД ЗКП ЗА ПРЕЗАКАЖАНО РОЧИШТЕ ОД СТРАНА НА ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД А ПОСТАПКАТА ЗА ДОСТАВА НА ПОКАНА ЗА РОЧИШТЕ според ЗКП се знае како законски се доставува .Членот 127 Од ЗКП е јасен и во него е опишан начинот на достава. Самото соопштение на Основниот кривичен суд не е законска постапка за закажување на рочишта ниту произведува правно дејство.
Соопштението упатено од моја страна до Основниот кривичен суд не е само за случајот ТНТ, тоа е и за сите други предмети каде што сум бранител во постапката, за да судот биде информиран дека користам годишен одмор и од кој период што впрочем го прават сите адвокати ,мои колеги кога користат годишен одмор. СООПШТЕНИЕТО НЕ ЗНАЧИ И МОЕ НЕПОЈАВУВАЊЕ ИЛИ НЕПРИСУСТВО ВО ПОСТАПКАТА ВО ТНТ ИЛИ БИЛО КОЈА ДРУГА ПОСТАПКА како што сакаат да ја МАНИПУЛИРААТ јавноста од Основниот кривичен суд со нивните соопштенија со злоупотреба на моето известување, СЕ РАЗБИРА АКО БИДАМ УРЕДНО СООДВЕТНО И СОГЛАСНО ЗАКОН ПОКАНЕТ СО УРЕДНА ДОСТАВА.
Искривувањето на вистината со соопштенијата на Основниот кривичен суд се само прикривање на нивните слабости и пропусти и замајување на очите на јавноста, и префрлање на вина на друг.
Најодговорно тврдам дека нити имам намера нити имам зошто да ја одолговлекувам постапката и да правам прекршување на законите,Јас и мојот клиент според можностите кои ни беа дадени во постапката(за 21.000 страни ни беше даден увид во предмет само два часа спротивно на сите законски норми и прописи) но и покрај се сме спремни да во истата учествуваме и квалитетно во рамките на дадената можност ја дадеме одбраната.
Веќе информирав дека во постапката над 20 рочишта до сега се одложени не поради одбраната туку поради приватни работи на судиите,поротниците,и проблемите во СЈО.Јас во ова постапка сум само 3-4 рочишта со полномошно од 20.12.2019 , со што јас имам вина што советот и основниот кривичен суд 2 години не успеале да го решат овој случај и сега вината ја префрлатт врз мене сум правел опструкции за одолговлекување на постапката.
Мојата цел не е да се надмудрувам со Основниот кривичен суд,Судскиот совет или судиите поротници како што преку соопштенија тоа сакаат да го прикажат на јавноста,нити да сугерирам како да се водат постапките нити какви пресуди да се донесат, нити со нив нити со било кој друг немам намера да дебатирам по истото, основна цел ми е примана и доследно почитување и владеење на правото и законите, и доколку истите бидат прекршени или има индиции да се прекршат законите навремено да се укаже на тоа.
НАМЕСТО КАКО ОДГОВОРНИ ЛУЃЕ КОИ РАКОВОДАТ СО ВРВНИ ИНСТИТУЦИИ ДА НЕ ПОВИКААТ ОТВОРЕНО ДА ПОРАЗГОВАРАМЕ ЗА ПРОБЛЕМОТ И ИСТИОТ СЕ НАДМИНЕ ТИЕ СО НАРАЧАНИ СООПШТЕНИЈА И ИСКРИВУВАЊЕ НА ВИСТИНАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ВТУРНУВААТ ВО НЕГО.
Сценаријата на Основниот кривичен суд се јасни и видливи, Јас како професионалец во мојата струка Адвокат нема да отстапам од доследно применување на правото и законите во Македонија,секогаш ќе укажувам благовремено на сите законски пропусти не само во случајот ТНТ туку и во сите случаеви каде ќе се појавувам како полномошник или бранител, нема да потклекнам под никакви закани,притисоци, заплашувања или уцени од страна на никој и гордо со силата на законот за што и сум положил и заклетва ќе се борам за примена и владеење на правото во Македонија.