Во пресрет на утрешниот натпревар против Украина, од 1. коло во групата Б на Европското првенство кое ќе се игра во три земји Австрија, Шведска и Норвешка, македонските ракометари кои ќе настапуваат во Виена, денеска добија поддршка од Фудбалската федерација на Македонија.
– Оставете ги настрана очекувањата, оставете го минатото и иднината, уживајте во моментот.
Можеби не сме фаворити како некогаш, но оваа репрезентација секогаш ја поддржуваме и за неа навиваме.
Ајде Македонија! – стои во пораката на ФФМ.
Македонската репрезентација се наоѓа во група со Украина, Чешка и домаќинот Австрија.