Четворица загинати на протестите во Виетнам

Најмалку четири лица загинаа во Виетнам кога демонстрантите ја нападнаа армиската зграда недалеку од воениот аеродром, соопшти денеска Министерството за јавна безбедност во Виетнам.

Од убиените  најмалку тројца се полицајци, пренесува „Ројтерс“.

Инцидентот се случил кога демонстрантите ги нападнале војниците со рачни бомби, гасни бомби и ножеви во селото Донг Там, недалеку од Ханој.

Притоа настрадале тројца полицајци и еден од демонстрантите, додека еден од учесниците е повреден.

Протестите се организирани заради прашања поврзани со сопственоста на земјиштето.

Треба да знаете
Последни објави