Напаѓач на велешкиот фудбалски прволигаш Симеон Христов е пред трансфер во редовите на албанскиот тим Влазнија од Скадар, кој е е предводен сезонава од поранешниот македонски селектор Мирсад Јонуз.
Ако преговорите завршат со потпишување на договор Христов ќе биде вториот македонски фудбалер кој зимово ќе се пресели во редовите Влазнија, откако тоа преднего го направи Мевљан Адили кој есенва беше дел од тимот на Шкупи.
Влазнија по есенскиот дел од прволигашкиот шампионат кај западниот сосед е на 7. позиција од десет екипи. Екипата од Скадар е на зимски подоготвки во Охрид.