Министерката без ресор, задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денеска се потпиша во книгата на жалоста, што беше отворена во амбасадата на Украина во нашата земја, по повод трагичната авионска катастрофа на 8 јануари во која животот го загубија 176 патници и членови на екипажот – граѓани на Украина, Иран, Канада, Шведска, Авганистан, СР Германија и Обединетото Кралство.
Министерката Апостолска, во нејзино име, во име на Владата на Северна Македонија и во име на граѓаните на земјата,изрази жалење и запиша порака за сочувство и утеха за семејствата на загинатите, до украинскиот народ и до народите на сите земји што имаа свои граѓани на трагичниот лет.