Со песни од Тоше Проески и навивачки химни се загрева атмосферата пред натпреварот на ракометната репрезентација на Македонија против Укранина (20.30 ч.) на Европско првенство, кое за првпат се одржува во три земји, Австрија, Шведска и Норевешка.
Натпреварите од нашата група се играат во Виена, а во Фан зоната атмосферата е жешка.
Сите се оптимисти и очекуваат победа над Украина за полесно да се одиграат и останатите натпревари.
Фото: Слободан Ѓуриќ