Голем број кенгури се собрале на теренот по пожарот што го погоди овој град во источниот дел на сојузната држава Викторија.
Притоа уништени беа скоро 100 домови и илјадници хектари природни живеалишта на животни. Речиси четири илјади жители и туристи мораа да бидат евакуирани.
Градот е опкружен со национален парк кој е дом на многу животни, многу од нив ендемични. Во пожарот загина илјадници животни, па дури и оние кои успеале навреме да побегнат, се здобиле со тешки повреди.
Седумдесетгодишниот ветеринар, Крис Бартон, бил принуден да евтанизира четири кенгури со изгореници од трет степен.
„Имам кошмари. Јас сум ветеринар веќе 40 години, а не можам да се навикнам на оваа ситуација, ми ги насолзува очите“, изјавил Бартон.
Неговата сопруга и колешла Илејн Онг посочила дека животните страдаат исто како и луѓето.
Двајцата истакнале дека се работи за тажна и тешка работа, но за нив е уште потешко да ги остават животните на немилост на тешка смрт.
Оваа ветеринарна двојка пристигнала од Мелбурн, а нивното патување е спонзорирано од невладина организација наречена „Животни Австралија“