Две девојчиња, на возраст од 12 и 13 години, се повредени откако синоќа биле удрени од автомобил во Скопје.
Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека синоќа во 19:15 часот на крстосница од булевар Крсте Мисирков и сервисната улица што се поврзува со булевар Никола Карев во Скопје, патничко возило „шкода фабија”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(60) од Скопје, удрило во двете малолетнички.
Во незгодата 12 – годишното девојче се здобило со тешки телесни повреди, а 13 – годишното девојче со телесни повреди по што биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски” и Комплексот клиники „Мајка Тереза” за укажување лекарска помош.
Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.