САД на Зеленски му предале важни податоци за падот на украинскиот авион кај Техеран

САД на украинскиот претсдател Володомир Зеленски му дале важни податоци за падот на украинскиот авион во Иран, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.

Украинскиот министер за надворешни работи Вадим Пристајко на Твитер напиша дека заедно со Зеленски се сретнале со претставниците на САД кои им ги предале податоците, а кои ќе бидат обработени од експерти, но без натамошно образложение за какви податоци станува збор, пренесоа британските медиуми.

Зеленски, кој подоцна во текот на денот треба телефонски да разговара со американскиот државен секретар Мајк Помпео, претходно денеска веќе ги повика меѓународните партнери – САД, Велика Британија и, особено, Канада да ги споделат податоците што ги имаат обезбедено во врска со случајот.

Треба да знаете
Последни објави