Филип Талески е ракометарот кој треба да биде новиот лидер на македонскиот тим. Тој е во најубавите спортски години (24 г.) кога може да пружи најмногу на теренот. Заедно со Филип Кузмановски, Мартин Велковски, Горан Крстевски … се преодната генерација која треба да го понесе товарот во репрезсентацијата
Момчето од Крушево со своите два метри височина кое како голем талент од редовите на скопски Мталург замина во еден од водечките бундеслигашки тимови Рајан Некар, не ја доби потребната минутажа, па летово се пресели во тимот од долниот дел на табелата во Германија само повеќе да игра и да се докажува.
-Мислам дека сме подготвени за секој предизвик, како тим и како поединци. За мене ова е четврто првенство, за Кузмановски четврто, за Велковски второ…така што не е нешто ново, да не фаќа паника или некоја еуфорија, трема. Само треба да одговориме на поставените задачи од селекторот, порачува Талески во пресрет на првиот вечерашен дуел со Украина на ЕП2020.
На претходното ЕП -2018 во Хрватска, македонската репрезенатција имаше инзвореден настап во групата кога заврши како првопласирана во конкуренција на Германија, Словенија и Црна Гора, но катасфрофален скор од три порази во главната фаза, каде заврши последнопаласирана во групата и на крајот се најде на 11. место од 16. учесници на завршницата.
-Мислам дека од таа гледна точка сме зрели и не смеат да ни се повторуваат некои грешки од минатото. Еве тоа првенство во Хрватска, имавме фантастична прва фаза и потоа во втората дојде еден лош период, кој многу значи на вакви големи натпреварувања. Ќе мора да сме концентрирани. Секако дека и на ова првенство ќе има такви тешки периоди, но мислам дека оваа репрезентација е подготвена за сите предизвици. Сите имаме големи амбиции, но да ги покажеме на паркетот и да го оствариме секој сон што го имаме, додава крушевчанецот Талески в очи на почетокот на новата европска ракометна приказна за македонската репрезентација.