Тигањ за МИА: Отворањето преговори со Северна Македонија, високо на приоритетите на хрватското претседавање со ЕУ

– Еден од приоритетите на хрватското претседавање со Европската Унија ќе биде проширувањето, а особено отворањето преговори со Северна Македонија. Со оптимизам гледаме на напредок во претстојниот период и на позитивен исход. Наша намера е да го премостиме и да го деблокираме она што за жал не беше направено во октомври минатата година на Советот на ЕУ и да пронајдеме решение со кое ќе се деблокира одлуката за пристапни преговори меѓу Европската Унија и Северна Македонија.

Ова во екслузивното интервју за МИА го вели амбасадорката на Хрватска во земјава, Нивес Тигањ, чија земја од 1 јануари го презеде шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ.

– Хрватска ќе стреми да се заземе и засилено ќе се ангажира за да ги увери државите за продолжување на пристапниот процес и да се изнајде начин и модел Северна Македонија да отвори преговори, вели амбасадорката Тигањ во интервјуто за МИА.

Таа посочи дека Хрватска веќе презема активности во овој кус перод на своето шестмесечно претседавање, на чело со премиерот Андреј Пленковиќ, во кои покажува дека дава приоритет на проширувњето, а отворањето на пристапни преговори со Северна Македонија ги става високо на скалата на хрватските приоритети во рамки на претседавањето со ЕУ.

Интервјуто МИА во целост ќе го објави утре, заедно со видео материјалот.

Треба да знаете
Последни објави