Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Америка ја штити Европа од Русија, но дека воедно е и тажен што Европа не го сака поради тоа, пренесува „Спутник“.
„НАТО со години јакне благодарение на Америка. Ние ја штитиме Европа од Русија. А сумите уплатени на сметка на одбранбени трошоци од година во година се сè помали. Затоа и отидов таму да им кажам дека се должни да платат, дека се неплаќачи“, рече Трамп.
Според него, токму поради тоа европските земји престанале да го сакаат за разлика од неговиот претходник Барак Обама, кој не изнесуваше такви барања.
Трамп го изјави ова на предизборниот собир во Охајо, а медиумите потсетуваат дека американскиот претседател ги обвинува сојузниците од НАТО дека не уплаќаат доволно средства на сметката на одбранбениот фонд.